ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Privacy policy & Term and condition

kupiprodaj.com е посветена на заштита на Вашата приватност. Оваа политика се однесува на посетителите на веб-страната kupiprodaj.com.

Ве молиме внимателно прочитајте ги следниве информации за да ги разберете ставовите и практиките на kupiprodaj.com во врска со Вашите лични податоци и како kupiprodaj.com ги третира истите.

Сите информации доставени до kupiprodaj.com со Вашиот онлајн оглас ќе бидат заштитени со оваа политика, како и со Законот за заштита на личните податоци.

Повремено можат да се направат измени и дополнувања на оваа Политика при што сите промени ќе бидат објавени на веб-страната на kupiprodaj.com за да бидете секогаш информирани за информациите кои ги собираме. Ве молиме прегледувајте ја оваа страна редовно за да бидете информирани за настанатите промени.

КОИ ИНФОРМАЦИИ ГИ СОБИРАМЕ ОД ВАС КОГА ПОСТАВУВАТЕ ОГЛАС НА kupiprodaj.com?

Како дел од процесот на поставување оглас ние собираме податоци за Вашето име и презиме, е-мејл адреса и телефонски број, како и податоци за Вашиот поштенски код.

Исто така можеме да собираме податоци и за Вашата адреса на живеење и датум на раѓање при што сите наведени Ваши лични податоци ќе ги користиме во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Ако поставите оглас на веб-страната на kupiprodaj.com ќе ни биде потребна Вашата е-мејл адреса за да Ви ги испратиме упатствата за тоа како да пристапите и да управувате со Вашиот профил (достапни во рамките на секцијата “Профил” на веб-страната на kupiprodaj.com). Вие имате можност да пристапите до оваа област во секое време, со цел да ги ажурирате Вашите податоци или да ги измените опциите во однос на маркетинг комуникациите од kupiprodaj.com и/или избрани трети страни. kupiprodaj.com ќе ги користи Вашите податоци само за маркетинг цели и Вие сте согласни со тоа.

Кога ќе истече периодот за објавување на Вашиот оглас на kupiprodaj.com, ќе ги искористиме Вашите информации за да Ве контактираме преку телефон или е-мејл за да Ви дадеме опција за повторно објавување.

Исто така, користиме одредени методи за заштита на приватноста на нашите корисници, кога тие комуницираат преку телефон или е-мејл. Во тој однос им препорачуваме на сите клиенти кога објавуваат оглас да го изберат контакт бројот за заштита во делот каде се внесува телефонскиот број. Контакт бројот за заштита Ви овозможува да го заштитите Вашиот приватен телефонски број преку внесување на друг телефонски број што ќе се користи во врска со Вашиот оглас. Контакт бројот за заштита се применува автоматски, освен ако не се вратите во моментот кога сте го поставиле Вашиот оглас. Ве молиме имајте во предвид дека ако тоа го направите Вашиот приватен телефонски број ќе биде видлив во рамките на Вашиот оглас.

Доставуваме клиент-клиент е-мејл решение кое им овозможува на посетителите кои го гледаат Вашиот оглас да Ве контактираат преку дадениот линк без да се види вашата е-мејл адреса и истото се користи за отстранување на сите потенцијално штетни или лажни линкови, кои можат да предизвикаат измамнички активности. Ова опција не е задолжителна.

Исто така, потребно е да се обезбедат информации за плаќањето на купопродажната цена на предметот што сакате да го продадете. Напоменуваме дека информациите од платежната картичка се собираат преку безбедна врска и сите трансакции на плаќање ќе бидат криптирани. Информациите од платежната картичка се користат исклучиво за целите на плаќање за обработка на Вашиот оглас. kupiprodaj.com не собира информации од Вашата платежна картичка.

Во делот кадешто рекламните пакети вклучуваат дополнителни придобивки кои ги обезбедува трета страна, можеме да ги пренесеме Вашите лични податоци на таа трета страна за да им овозможиме да Ви ги обезбедат тие придобивки, под услов да сте ја избрале опцијата да добивате информации од нив.

КОИ ИНФОРМАЦИИ ГИ ОБЕЗБЕДУВАТЕ КОГА ГИ КОРИСТИТЕ НАШИТЕ УСЛУГИ?

Ако сакате да побарате понуда или брошура, ќе треба да ни дадете податоци за Вашето име, е-мејл адреса, поштенска адреса и телефонски број. Вашите податоци за контакт се собираат за да можеме да ги пренесеме истите на трети страни кои ќе Ве контактираат непосредно.

Ако ја користите услугата за разговор за комуницирање со клиенти (“Chat услугата”), можат да се откријат лични податоци во текот на користењето на услугата. Сите разговори и е-мејл размени се евидентираат. Сите лични податоци кои ќе се откријат за време на разговор или преку онлајн формулар ќе бидат достапни и обработени од страна на снабдувачот на услугата за разговор од страна на трети лица и на дилерот со кого комуницирате, а исто така ќе бидат на располагање и на kupiprodaj.com.

КОИ ИНФОРМАЦИИ СЕ ПРИБИРААТ АВТОМАТСКИ?

Информациите во врска со користењето на услугите на kupiprodaj.com можат да се прибираат и автоматски и истите можат да се однесуваат на:

– Вашата IP адреса, типот на пребарувачот и оперативниот систем кој се користи;

– датумот и времето кога сте пристапиле на нашата веб-страна и кои страни сте ги посетиле;

– е-мејл адресата која сте ја отвориле;

– Вашиот мобилен оператор и типот на мобилниот уред кој го користите.

КОИ ИНФОРМАЦИИ ГИ ОБЕЗБЕДУВАТЕ КОГА ГИ КОРИСТИТЕ НАШИТЕ МОБИЛНИ АПЛИКАЦИИ?

Ако одберете да ги симнете или да ги користете нашите мобилни апликации, треба да обезбедите податоци за Вашата локација и Вашиот мобилен уред, вклучувајќи уникатен идентификатор за Вашиот уред. Ние можеме да ги користиме овие информации за да Ви овозможиме локација со прилагодени услуги на Вашите потреби: како што се рекламирање, резултати од пребарување и други персонализирани содржини. Повеќето мобилни уреди Ви овозможуваат да се контролира или исклучи услугата за локација во менито за подесување на уредот. Ако имате прашања за тоа како да се оневозможат услугите за локација на уредот, Ви препорачуваме да контактирате со Вашиот мобилен оператор.

Со доставувањето на личните информации, ќе се смета дека сте се согласиле со условите утврдени погоре во врска со користењето на Вашите лични информации.

Исто така, можеме да Ве контактираме и заради истражувачки цели.

ЗА КОИ ЦЕЛИ ГИ УПОТРЕБУВАМЕ ИНФОРМАЦИИТЕ КОИ ГИ ПРИБИРАМЕ?

1. За секојдневни бизнис цели, како што е воспоставување и управување со Вашата корисничка сметка, обезбедување на услугите кои ги барате, обезбедување поддршка на клиентите и за наплата на парични средства.

2. За креирање огласи и реклами.

3. Да се генерира севкупниот профил на посетители што ја користат веб-страната на kupiprodaj.com. Овие информации се користат во процесот на развој на релевантни содржини на веб-страната.

4. Да се обезбеди поддршка на нашата ‘’Испрати на мобилен’’ функционалност при што посетителите на нашата веб-страна можat да испратат детали за продажбата на предметите.

5. Да се обезбеди администрирање на веб-страната и на внатрешниот промет, вклучувајќи отстранување на проблеми, анализа на податоци, тестирање, истражување, статистички цели и цели на истражување.

МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ

Кога се регистрирате на нашата веб-страна, Ве прашуваме дали би сакале да добиете упатства со детали за понуди, вести и услуги од kupiprodaj.com и/или информации од трети лица, компании преку е-мејл и/или преку пошта кои сметаме дека можат да бидат од интерес за Вас. Со цел да се добие овој вид на комуникација, ќе треба да се пријавите во текот на регистрацијата.

Во одредени прилики kupiprodaj.com прави промоции каде се собираат личните информации. Ние секогаш ќе бараме согласност од Вас и ќе Ве посоветуваме ако постои можност овие информации да се споделат со трети лица.

За да престанете да примате промотивни понуди и известувања, кликнете на линкот што се наоѓа на дното на секој е-мејл или ажурирајте ги параметрите на Вашиот профил.

ПРИСТАП ДО ЛИЧНИ ИНФОРМАЦИИ

Имате право на пристап до Вашите лични податоци на kupiprodaj.com и можност да направите промени во внесените информации доколку истите се погрешно внесени. За дополнителни барања испратете е-мејл на contact@kupiprodaj.com.

COOKIES

Веб-сајтот користи cookies за да се разликувате од другите корисници. Ова ни помага да Ви овозможиме добро искуство кога ќе ја разгледувате нашата веб-страна, како и за подобрување на самата веб-страната. Подетални информации за cookies се достапни на нашата Сookies политика.

ПРИФАЌАЊЕ

Со користење на веб-сајтот, Вие се согласувате со собирањето и користењето на овие информации од kupiprodaj.com и со оваа Политика на приватност.

КОНТАКТ

Прашања, коментари и барања во врска со оваа Политика се добредојдени и треба да бидат адресирани на contact@kupiprodaj.com.

Kupiprodaj
Logo
Регистрирај се
Обнови ги
Shopping cart