Како да купите производ на аукција
За да учествувате во лицитацијата, прво треба да се регистрирате, а потоа да наддавате, и да победите на аукцијата за предметот. Вашата понуда треба да биде највисока на крајот од аукцијата.
Наддавањето се врши на следниов начин:
- Внесете го износот што сте подготвени да го платите за производот. (B на сликата подолу)
- Кликнете лицитирај. (A)
- Внимавајте, лицитацијата се смета за обврзувачки договор. Тоа значи дека, доколку лицитирате за овој производ, се обврзувате да го купите, доколку победите на лицитацијата.
- Ако вашата понуда е највисока, ќе бидете први на аукцијата.
- Ако вашата понуда не е највисока, можете повторно да лицитирате со повисока сума.
- Доколку вашата понуда е највисока, на крајот на аукцијата, ќе можете да го нарачате производот, по цената која сте ја понудиле.
Ако, како на аукцијата на сликата подолу, постои опција Купи Веднаш (F), ќе можете да го купите производот по дефинирана цена.
Во овој случај, цената по која можете да го купите производот е 500 динари. На овој начин, аукцијата ќе заврши, веднаш по вашата нарачка на производот по дадената цена:

Откако аукцијата ќе заврши, ќе истече преостанатото време (D). А вие сте победиле на лицитацијата, со вашата понуда, ќе добиете известување на емаил, по што, ќе треба во рок од 2 дена, да го нарачате производот, по цената со која сте победиле на аукцијата.
Кога купипродажбата ќе се реализира, потребно е да го оцените продавачот, и тој ќе ве оцени вас. Оценките и мислењата се знаци на доверба, тие ја претставуваат биографијата на секој секој корисник на Купипродај, и зборуваат за квалитетот на соработката помеѓу членовите.
Иако почетната цена е 200 денари, тоа не значи дека некој че може да купи iPhone телефон за 200 денари. Тоа не постои во реалноста, дури ни на Интернет, бидејќи Интернетот е реалност.
Затоа постои резервната цена (C), која ја поставува продавачот како минимална/резервна цена за која продавачот е подготвен да го продаде производот.
Откако ќе се регистрирате, и научивте како да учествувате во лицитацијата, потребно е да пронајдете што сакате да купите. Сега бидете внимателни! Ова е чекор што повеќето луѓе го прават! Ново регистрираните клиенти честопати мислат дека Интернетот не е реален, па си мислат да проверам како ова работи, и кој знае дали ќе купам. На крајот, кога ќе победат на аукцијата, тие се откажуваат! Такво нешто не е дозволено, со Правилата на купипродај, и ќе бидат предмет на укинување на можноста за купување (т.н. суспензија за идни нарачки).
[ending_soon_auctions per_page=”9″ columns=”2″ order=”desc” orderby=”meta_value” future=”no”]