Се продава семејна куќа во мирниот дел на село Чешиново, идеална за живеење, викенд одмор или туризам.
Куќата е изградена во 1970-тите години, со надградба на кровот во 1999 година.

Површина и распоред:
- Вкупна површина: приземје 83 м² + прв спрат 83 м²
- Приземјето е целосно функционално и се состои од:
- 3 спални соби,
- дневна соба со кујна
- купатило
- ходник
- Првиот спрат е во третa градбена фаза, со можност за уредување според желба на новиот сопственик.
Инфраструктура:
- приклучоци за канализација, електрична енергија и вода со хидрофор
- во целост складно со условите што ги нуди селото
Двор и дополнителни содржини:
- целосно оградена парцела со површина над 2.800 м²
- овоштарник и лозов насад
- простор и припременост за одгледување свињи или друга фармерска намена
Дополнително:
- Куќата се продава заедно со целиот ентериер – мебел, апарати и опрема, подготвена за веднаш вселување.
- Куќата нуди одлични услови за семејно живеење, земјоделска дејност или рурален туризам.
- Локацијата е тивка, со пријатно опкружување и лесен пристап до главниот пат.
За повеќе информации (број на парцела, точна квадратура и цена), ве молиме јавете се на контакт бројот подолу:
Контакт: 078/317-175
Локација: с. Чешиново, Општина Чешиново-Облешево