7 најдобри брзи пошти во македонија

Постојат многу курирски служби за испорака, во македонија, но кои се најдобрите? Во оваа статија, ги опфатиме 10 од најпопуларните и најдобрите брзи пошти во македонија.
brza posta

Прашајте било кој продавач кој продава на интернет, ќе ви каже дека, клучот за развој на бизнисот е карго превозникот, преку кој ги испраќате пратикте бидејќи тие се директниот контакт помеѓу вас и вашите купувачи.

За да успеете во интернет продажбате, неопходно е да ги пронајдете најдобрите карго превозници во македонија, со најдобра цена и најбрза достава, за да ги одржите вашите клиенти воодушевени и задоволни.

Постојат многу, многу карго компании кои испорачуваат низ цела македонија, вие треба да изберете кој курир, најдобро одговара на потребите на вашиот бизнис. Добра работа на праќањето на пратки преку интернет, е во тоа што вие сами можете да изберете со кои брзи пошти сакате да ги испраќате вашите пратки.

Оваа статија ви дава преглед на топ 7 курирски служби во македонија. Ајде да почнеме!


1

Еко Логистик Сервис

брза, доверлива и еколошка приватна пошта.

els.mk

120 ден.
ПАКЕТИ во редовни пратки на територија на земјата
Распродадени
Предности
  • Брза и навремена достава за 1-2 дена.
  • Достава на откупот, наредниот ден.
  • Систем за следење на нарачки
  • Креирање на нарачки онлајн.
Мани
  • Нова компанија, не ги покрива сите села во македонија.
  • Некои корисници зе жалат, дека не се јавуваат на телефон.

2

Брза Пратка

Вашата пошта

brzapratka.com

100 ден.
градски курир 24ч
Распродадени

Основната дејност на Брза Пратка е достава на секаков вид на пратки. Ние сме една од трите најголеми фирми во Македонија за ваков тип на услуги и поради својот обем можеме да пласираме понуда по конкуретна цена. Доставата се врши во рок од еден работен ден од превземањето на пратката.

Предности
  • Брза и квалитетна услуга
  • Почитувани рокови на испорака
  • Конкурентни цени
Мани
  • Некогаш не одговараат на телефонски повици
  • Задоцнета достава во некои региони
Во Брза Пратка сите населени места во Македонија се поделени на 4 зони.
3

Делцо Дооел

Специјализирана компанија за брза и сигурна достава

delco.com.mk

120 ден
914 days left
Предности
  • GPS опрема
  • Високопрофесионален возен парк
  • Достава од понеделник до сабота
Мани
  • Задоцнета достава во некои региони.
4

EMS – А.Д. Пошта на Македонија

Best WordPress hosting

posta.com.mk

72 ден.
Мали пакети
1280 days left
5

Карго Експрес

Карго експрес прв во својата дејност!

kargoekspres.mk

120 ден.
Врата/Врата
914 days left
Предности
  • Први на пазарот од 2003 година
  • Одлични за габаритни пратки.
  • Достава од понеделник до сабота
Мани
  • Задоцнет поврат на откуп
  • Непогодни за мали пратки
  • Во некои региони не ги доставуваат пратките, само подигање од база.
6

Post Express Macedonia

postexpress.mk

120 ден.
низ цела македонија
914 days left
Бесплатно подигање на неиспорачана пратка од база.

7

Нова Пошта

Доверливост и професионалност

novaposta.mk

150 ден.
низ цела македонија
914 days left

НОВА ПОШТА ДОО нуди брза и навремена достава на пратки со професионален обучен кадар на целата територија на Република Македонија. Заедно со Вас започнуваме НОВА успешна приказна на пазарот на поштенски услуги.


Како да изберете најдобра компанија за испорака на вашите пратки

Еве неколку фактори што треба да ги земете во предвид кога одлучувате на кои компании да ги доверите вашите пратки.

Брзина на испорака:

Сите купувачи од интернет сакаат брза достава и навремена достава, вашата задача е да го пронајдете најбрзото карго, Без оглед на случајот, имајте во предвид дека работата со најбрзата карго компанија за испорака, доаѓа со дополнителни цени за испорака, додека најевтиниот курир за испорака може да има поволни стапки, но помала брзина.

Ограничувања за испорака:

Бидејќи не сите компании ќе работат со производи што содржат материјали што се сметаат за опасни. Дополнително, постојат ограничувања на телесната тежина и ограничувања на големината. Не сите компании носат поголеми пратки. Треба да бидете запознаени со ограничувањата за големината и тежината.

Испорака за викенд:

Понекогаш, датумите за испорака на вашите купувачи се совпаѓаат со викендите, и ако оператор не испорача за време на викендите, ќе мора да почекаат уште два дена до понеделник – следната недела. Треба да се информирате дали дали брзата пошта ги носи пратките и во викендите.

Осигурување на пратките:

Што ќе се случи ако вашиот пакет се изгуби или оштети при транспорт? Испорака на пратките е полна со ризици, што го прави осигурителното покритие необходно. Многу курирски компании нудат осигурување на пратките.

Следење на пратките на интернет:

Долгото чекање може да се претвори во кошмар и фрустрации, кај вашите купувачи кога тие не можат да видат што се случува со нивните скапоцени предмети. Ова ги прави можностите за следење на пакетите критичен фактор, што треба да се земе предвид при одлучувањето преку која брза пошта ќе ги испраќате вашите пратки.

Поддршката на клиентите:

Корисничката подршка, не може да биде изоставена, при изборот на компанија што ќе ги доставува вашите пратки. Ако вашиот курир не ви се јавува кога е потребно, тоа не само што може да биде фрустрирачко за вас, туку и за вашиот клиент, па дури и да им остави негативен впечаток за вашата компанија.

Споделете го вашето искуство со брзите пошти, подолу во коментарите.

7 коментари
  1. Јас го користам карго експрес и сум презадоволен, за другите незнам.

  2. Brza posta najdobra vo makedonija, ova prvata els ne ja ni znaeme voopsto.

  3. Карго Експрес – Битола е ДЕФИНИЦИЈА за непрофесионалност, аматеризам, дрскост, простотилук, сељаклук, неписменост и капак на се’ наплаќаат суми кои не постојат во ниту еден ценовник! Тоа дувло не би постоело во нормална држава во која функционираат барем основните закони!

  4. Одговори
    Разочаран корисник на Карго Експрес август 14, 2023 at 12:12 pm

    Карго Експрес е синоним за непрофесионализам, што уште кога ќе побараш информација за пратка која доцни повеќе од 10дена од контакт центар во Битола добиваш безобразно-простачки одговор и на крај не добиваш информација каде заглавила пратката и дали ќе стигне, а си се изнасшлушал на исфрустрирани работници,би сакал да знам кој им е сопственик и дали знае каков кадар вработува!

  5. Одговори
    метал конструктион и консалтинг дооел декември 6, 2024 at 10:23 am

    потребно е да се достави пратка до Гевгелија, меѓутоа да пристигне денес

Коментар

Kupiprodaj
Logo
Регистрирај се
Shopping cart