7 придобивки зошто да ги продавате вашите производи на Интернет

163

Во текот на изминатата деценија, потрошувачите постојано го менуваат начинот на кој купуваат, а трговците се обидуваат да понудат најдобри решенија. Купувачите најчесто пребаруваат, споредуваат и купуваат од интернет-продавници, пазари, физички продавници, и директно од социјалните страници.

Без разлика дали сакате да го проширите бизнисот со кој продавате локално, или сакате да започнете нов бизнис, продажбата на интернет има многу предности за вашиот бизнис.

Бидејќи размислувате да продавате преку Интернет, погледнете ги најдобрите предности на интернет продажбата.

Што е е-трговија?

Пред да започнете треба да знаете што е тоа е-трговија.

Е-трговија опфаќа било каква комерцијална трансакција што вклучува пренесување на информации преку Интернет.

Е-трговијата може да заземе многу различни формати. Може да вклучува брендирана веб-страница, мобилна апликација, пазари како купипродај, реклама5, и платформи за социјални медиуми како Facebook Marketplace, Instagram Shoppable Ads и Pinterest Buyable Pins.

Иако постојат многу начини да се продава преку Интернет, главната предност на продажбата преку Интернет е тоа што ќе можете да им продавате на потрошувачите каде било, и во кое било време.

Не е важно дали вашите купувачите седат дома на каучот, на прекин на ручекот на работа, – тие можат да направат нарачка преку Интернет.

Еве некои од најголемите придобивки од интернет продажбата:

Топ 7 предности на е-трговијата
Еве ги главните причини зошто по прв пат, и малите локални трговци се свртуваат кон интернет продажбата како главен извор на приход.

  1. Брз пристап до вашите нови купувачи

За разлика од традиционалната малопродажба, вашата интернет продавница може да работи со само неколку кликови (ако барате основна продавница.) Платформите за е-трговија како Купипродај, реклама5, маркетконект користат претходно изработени обрасци за да ја создадат вашата продавница. Тие се грижат за хостирањето, одржувањето на платформа и многу повеќе.

Во текот на последните неколку години, платформите за електронска трговија, направија реално и едноставно, за сопствениците на деловни активности да создаваат атрактивни и сигурни страници со минимален напор. Не ви треба длабоко техничко знаење или знаење за е-трговија за да имате професионална веб-страница.

  1. Ниска цена

Во многу случаи, започнува бизнис со е-трговија чини многу малку. Погледнете како:

Е-трговија и пазари се бесплатни за регистрација или со цени до 1000 денари месечно
Некои интернет платформи, земат мал процентен надоместок за продадени производи.

Можете да го водете, и да управувајте со бизнисот сами, за да ги отстраните трошоците за дополнителни плати за одржување и продавање на интернет.


Кога првпат започнувате, е-трговијата ви овозможува да избегнете многу големи инвестиции однапред, што не е случај со традиционалната малопродажба – треба да имате физичка продавница, големи залихи однапред, и плата за вработените. Со онлајн продавница, вие може последователно да го развивате вашиот бизнис додека растат продажбите.

  1. Купувачите започнуваат на Интернет

Употребата на дигитални канали постојано се зголемува. 87% од купувачите започнуваат со пребарување производи на интернет, наспроти 71% минатата година. Дури и ако на крајот купат од физичка продавница, купувачите најверојатно ќе започнат со пребарување преку Интернет, особено на пазари како купипродај, пазар3 или реклама5.

Купувачите истражуваат преку Интернет од различни причини за да споредат цени, да споредуваат брендови, да пребаруваат прегледи на клиенти, да ги проверуваат нивоата на залихи и многу повеќе. Единствениот начин да се осигурате дека потенцијалните купувачи ќе ги најдат вашите производи е да имате присуство на Интернет.

Дури и ако само сакаат да ја пронајдат вашата локација и работното време, важно е клиентите да ги пронајдат информациите што ги бараат. Вие треба да бидете таму каде што клиентите ќе ве побараат.

  1. Увид во податоците за клиентите

Една предност на продажбата преку Интернет за која можеби не сте помислувале е колку е лесно да се соберат, измерат и постапат според податоците на клиентите. Ако сакате да бидете хипер-фокусирани на искуството со клиентите, тогаш треба да ги поседувате вашите податоци за потрошувачите. Продажбата преку Интернет ви овозможува да собирате податоци од прва рака со следење на инт

  1. Лесен пристап до нови клиенти

Како што споменавме погоре, продажбата на интернет може да добие многу различни формати. Секој канал има своја уникатна публика што може да ја достигнат продавачите. Интернет-страница може да ви помогне да достигнете и купувачи од другите градови. Социјалните страници можат да достигнат нова демографија. Пазарите како Купипродај обезбедуваат најширока публика.

За разлика од локалните продавници, каналите на Интернет не се ограничени на тоа кој може физички да ја посети вашата продавница. Без разлика дали започнувате или сте постоечки продавач, можете да контактирате со некој што не сте можеле порано.

  1. Поголема маркетинг стратегија

Присуството на Интернет ви овозможува да обезбедите повеќе информации за вашите производи и услуги на вашите клиенти. Брендирана страница особено им дава на продавачите место да им обезбедат клучна содржина на клиентите.

Клучната содржина на производот вклучува детални описи на производи, споредби на производи, достапност на залихите во продавницата, слики и цени. Оваа информација му помага на клиентот да донесе одлука за купување и во продавница или преку Интернет.

Вашата веб-страница исто така може да обезбеди повеќе информации за вашиот бизнис, или како да ги користат вашите производи. Објави и видеа на блогови, исто така, можат да обезбедат корисна содржина за употребата на вашите производи или услуги.

На пример, компаниите за храна им даваат рецепти и совети на потрошувачите на нивната веб-страница. Овој вид содржина создава приказна за вашиот бренд, истовремено обезбедувајќи целокупно подобро искуство со клиентите. На конкурентен пазар, овој вид на информации ве разликува од другите продавачи.

  1. Ќе бидете таму каде што клиентите сакаат да купат

Купувачите не истражуваат само производи преку Интернет. Тие исто така купиваат преку Интернет. Е-трговијата им олеснува на купувачите дури и со еден клик да нарачаат производ, без разлика каде се наоѓаат. Купувачите исто така можат да нарачаат и директно преку фејсбук или инстаграм.

Продавајте таму каде што вашите клиенти сакаат да купуваат. Ако повеќето од вашите клиенти купуваат преку Интернет, тогаш треба да продавате преку Интернет! Е-трговија ви овозможува да ги исполните очекувањата на вашите клиенти.

Коментар

Kupiprodaj
Logo
Регистрирај се
Shopping cart