Запознајте се со центарот за продажба.

Откако ќе се регистрирате како продавач на Купипродај, ќе имате пристап до центарот за продажба. Тоа е портал за вашата деловна активност во Купипродај, и систем за управување со вашата продавница, додавање информации за производи, правење ажурирања на залихи, управување со достава на производите и пронаоѓање на корисни содржини кој ќе ви помогнат да ја зголемите вашата продажба. Исто така, од таму ќе ги додадете вашите производи.

Како да додадете производ?

Се што ви треба е да го сликате производот. Да напишете соодветен наслов, да го опишете што е можно подетално и да го сместите во соодветна категорија.

Спакувајте го производот соодветно исконтактирајте го купувачот и испратете го што е можно поскоро.

 

Ова е само почеток.

Моментот кога го продадовте првиот производ, е моментот кога ќе можете да започнете да го развивате вашиот бизнис на Купипродај. Откако ќе ја започнете вашата активност на Купипродај, ќе ви понудиме многу бесплатни алатки, со кој ќе можете да го пренесете вашиот бизнис на повисоко ниво.

Не е никаква тајна: Дека Купипродај е опседнат со својте корисници. Нашите корисници сакаат доверлива дестинација каде што можат да купуваат широк спектар на производи – тоа е она што ги прави продавачите како вас, многу значајни за нас. 

 

Ние секогаш бараме начини да додадеме придобивки за нашите корисници, и да бидеме најголема компанија во македонија, која е насочена кон своите корисници. Како продавач на Купипродај, учествувате и вие, да им понудите на корисниците  подобра селекција на производи, подобри цени и врвен квалитет.

Колку се наплаќа за отварање на интернет продавница?

Регистрацијата и продавањето на купипродај е 100% бесплатно, се што треба е да ги почитувате нашите услови за продажба.

Продавачите на Купипродај работат со висок стандард, за да можеме да обезбедиме непречено, пријатно искуство за сите купувачи. Како продавач на Купипродај треба да внимавате на овие клучни мерки:

Вратени пратки. (поради дефект, или други неправилности): <2%

Стапка на откажување на нарачката од страна на продавачот, пред-испраќање на производот: <4,5%

Задоцнета достава: <8%.

Бенефити од интернет продавница.

Kupiprodaj
Logo
Регистрирај се
Shopping cart