Бројаници
50 ден
Со помош на бројаницата се кажува Исусовата молитва која се состои од следните зборови: Господи Исусе Христе помилуј ме грешниот (грешната). Целта на молитвата е да го соедини човекот со Бога и да го исполни човековото срце со светлината на божествената благодат.
”И кога се молите, не бидете како лицемерите, кои сакаат да се молат стоејќи по синагогите и на аглите од улиците, за да ги видат луѓето; вистина ви велам, ја имат својата награда. А ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба, затвори ја вратата и помоли Му се на твојот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.” ”А кога се молите, не употребувајте напразни повторувања како народите; зашто мислат дека ќе бидат послушани, заради многуте зборови. И така, не бидете како нив, зашто вашиот Татко знае што ви е потребно, уште пред да Го помолите. Туку молете се вака: „Татко наш, Кој си во небесата, да се свети Твоето име; да дојде Твоето царство, да биде Твојата волја, како во небото, така и на земјата; нашиот насушен леб, дај ни го денес; и прости ни ги нашите долгови, како што и ние им ги проштаваме на нашите должници; и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот. Зашто Твое е царството, и силата, и славата, во сите векови. Амин!” ”Зашто, ако вие им ги простите на луѓето нивните престапи, вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вам. Ако вие не им ги простите на луѓето нивните престапи, ни вашиот Татко нема да ви ги прости вашите.” Исус Христос во Евангелие според Матеј 6:5-15
Бидете секогаш радосни, постојано молете се. Што и да ви се случува прифаќајте го со благодарност, зашто така вие што Му припаѓате на Исус Христос ја исполнувате Божјата волја. 1 Солунјаните 5:16-18

50 ден
50 ден
Оценки