Анкета: Што е најважно за добар оглас

1348

На почетокот на годината спроведовме анкета во која учествуваа близу 500 корисници на КП, продавачи и купувачи. Добивме интересни сознанија за тоа што е најважно за добар оглас. Рековте – доверба.

Успешната продажба и купување зависи од довербата. Откривме топла вода, може да се каже! Затоа во ова истражување го разгледуваме типичниот кп оглас, со цел да разбереме што најмногу влијае на градењето доверба и успехот на огласот. Еве што кажавте:

Купувачите исто така ги гледаат сликите во огласот, но друг фактор им е многу поважен кога одлучуваат да купат: оценките на продавачите. Веднаш потоа ги нагласуваат конкурентните цени, по што следи описот на огласот.

Ако продавате на КП, пораката е јасна. Сликите се многу важни, но вашите оценки се најважниот фактор. Тие најдиректно ја покажуваат вашата репутација и ја градат довербата на идните клиенти. Едноставно – со повеќе позитивни оцени, ќе продавате повеќе.

Различните ставови за она што е најважно нè наведоа подетално да ја испитаме темата за описот на огласот, за што подетално ќе се дискутира во следните написи на оваа тема.

Совети за одличен оглас: наслов, опис, фотографии


Добивме и стотици конкретни совети за клучните делови на огласот. Ова е всушност „богатство“, мудрост произлезена од практика: некои наши соговорници се во КП повеќе од 5 години!

Топ 5 совети за добар наслов на огласот


Кратко и јасно, едноставно, веднаш да се види за што се работи.
Клучни зборови, за прецизно да го одрази она што се продава, т.е. за да може лесно да се пронајде во пребарувачот.
Прецизно, конкретно.
Кристално јасно што се продава, без долги наслови кои клиентот и онака не ги разбираат, и без излишни зборови, на пример НОВО НОВО НОВО
Точното име на производот, производителот и моделот.


Топ 5 совети за добар опис на огласот


Детален опис на производот, наведените дефекти, староста и некаква историја доколку се работи за користен производ.
Да биде искрен и реален приказ на артиклот, да се види дека продавачот се потрудил, а не само да стави два-три збора во описот.
Само вистината без заобиколување, точен и прецизен опис со спецификации и мерки, исцрпно и едноставно ги наведувате информациите и карактеристиките на производот.
Опис кој одговара на производот, не е копиран од некаде и да не биде шаблон текстови за сите огласи од ист продавач.
Уредно форматиран, граматички и правописно.


Топ 5 совети за добри фотографии


Автентични слики од предметот што се продава.
Лично фотографирани, репрезентативни слики на предметот, кои не се преземени од Интернет.
Слики од сите страни, со добар квалитет, одблиску.
Квалитетни слики со добра светлина, за да се прикажат сите специфични детали и недостатоците доколку се работи за користен производ.
Доколку е потребно да се зумира за да се гледа добро.


Заклучок: раскажи приказна, изгради доверба


Преку описот и фотографиите искрено се прикажуваат сите предности и недостатоци на производот. Чувството на кредибилитет е особено важно за клиентите за половни предмети. Исто така, добрата реклама често раскажува приказна, пренесувајќи му на новиот сопственик сè што треба да знае за предметот на продажба – ја открива неговата душа 🙂

Добро направената реклама зрачи со доверба: наслов кој недвосмислено покажува за што се работи, опис кој лесно се чита и кажува се без претерување, јасни и разновидни слики. Кога продавачот прави напори за секој детал, тој испраќа јасен позитивен сигнал до купувачите.

Засега е јасно дека оценките се „валута“ на довербата, бидејќи на нив најмногу се потпираат клиентите.

Коментар

Kupiprodaj
Logo
Регистрирај се
Shopping cart